За нас
ДПТ ИВОНА доо е основана 1994 година, како мал семеен бизнис, со само една линија за производство на салвети. Денес, после дваесет години искуство во областа на производството и продажбата на хигиенски хартиени производи за користење во домот (програма за дома) и за професионална употреба(професионална програма), ИВОНА повеќекратно го зголеми својот капацитет.
Со модернизација на производниот процес и технолошкото унапредување на производните линии како и со прилагодување на целиот асортиман на производите кон специфичните барања на купувачите, ИВОНА стекна позиција на партнер со доверба кај потрошувачите на македонскиот пазар и регионот.
Во иднина ИВОНА продолжува во иста насока, модернизирање на производниот процес и проширување на асортиманот, се со цел добивање на висококвалитетен производ прилагоден на специфичните потреби и барања на нашите клиенти во Македонија и пошироко.
Многу потрошувачи се уверија во квалитетот и ја стекнаа довербата во производите на ИВОНА, уверете се и Вие.
ИВОНА-П со цел подобрување на работењето и управувањето со квалитет на производството,како и усогласувања со меѓународните барања за квалитет го воведе ISO 9001 стандардот.
- “Искуство” – 20 годишно искуство
- “Стручност” – стекнато знаење, квалитет и компетенција
- “Блискост” – вешти сме и искусни во препознавање на потребите на нашите потрошувачи за кои се грижиме почитувајќи ги нивните различности. Со препознавање на барањата на купувачите, целото производство е прилагодено спрема таргетираниот пазарен сегмент
- “Kвалитет” – ниво на квалитет на производот и изработката, иновативност
- “Флексибилност и лојалност” – даваме посебна важност на навремената испорака и трајна лојалност кон клиентите
- “Грижа за вработените” – сигурна и пријатна работна средина
- “Општествена одговорност” – сигурен партнер на деловните субјекти и чесност во однос со сите субјекти кои се поврзани со ИВОНА на било кој начин
- “Еколошка одговорност“ – работа во склад со сите еколошки стандарди
Стратешка цел на ИВОНА е модернизирање на производниот процес и проширување на асортиманот и уште повеќе прилагодување на специфичните потреби и барања на нашите клиенти, како и проширување на бизнисот во Европската унија.
ИВОНА е првиот македонски бренд на пазарот, кој дваесетина години се бори за свое место на пазарот меѓу странските добавувачи и нивните брендови.Денес производите ИВОНА може да се најдат во многу маркети во Македонија.
Освен сопствена марка успешно соработуваме и со водечките малопродажни ланци за кои произведуваме нивни робни марки на тоалетна хартија, бришачи за раце и салвети.
Капацитетот со кој располага ИВОНА овозможува производство на стандардни производи, но и многу специфични производи направени по посебни спецификации на клиентите.
Високите квалитети на работење ги препознаа и нашите добавувачи, така што од 2014 ИВОНА стана овластен дистрибутер на репро материјал (хартија во џамбо ролни).